Ќе и донесе ли Ѓукановиќ подобра иднина на Црна Гора?
3 март 2008Реклама
Новиот премиер Ѓукановиќ на граѓаните на Црна Гора им вети подобар живот, инвестициски бум, и дека просечната плата во земјата до крајот на следната година ќе изнесува 515 евра. На листата ветувања се и нови вложувања во инфраструктурата и изградба на автопат кон Србија. За опозицијата програмата на старо - новиот премиер е програма на минатото. Аналитичарите пак не се согласни околу тоа дали Црна Гора со Ѓукановиќ ја чека подобра иднина.
Реално остварлива програма, но нема развојна стратегија
Економскиот аналитичар Предраг Децун за Дојче Веле, вели дека програмата на новиот премиер е реално остварлива, иако во неа нема развојна стратегија:
„Од ова се гледа дека ќе се оди на пазарен принцип, односно дека пазарот ќе ги одредува приоритетите. Ѓукановиќ има добра стартна позиција. Економијата е во пораст и единствениот проблем кој може да ги загрози реформите е политички. Тоа е Косово кое може мултиплицирано да се одрази и на економијата“, смета Дрецун. Според професор Светозар Јовичевиќ, не е добро што во програмата на Ѓукановиќ не се наведува потребата за преиспитување на сомнително стекнатото богатство во изминативе две децении, иако како што вели, тоа и не го очекувал со оглед на фактот дека премиерот би бил еден од тие луѓе.
„Додека не се загребе по тие работи, не може да се создаде добра основа за развој на правна држава и развој на институциите. Не е’ е реално да се очекува дека без промена на власта, ќе се промени таквата филозофија“, рече Јовичевиќ.
Ѓукановиќ ги задржа старите министри
Мило Ѓукановиќ инаку во својот кабинет го задржа и поранешниот премиер Жељко Штурановиќ, а со нови лица се пополнети само испразнетите кабинети во Министерствата за образование и култура. Владата на Ѓукановиќ има мандат до крајот на следната година, бидејќи уште од претходно е договорено изборите во земјата да се одржат порано од предвиденото.

Реклама