Шарон најави нова партија во Израел
22 ноември 2005Новата партија ќе се вика „Национална одговорност„ и ќе претставува либерална национална сила на израелската политика сцена. Главна цел на новата партија ќе биде создавањето услови за спроведување на меѓународниот мировен план за Блискиот исток, т.н. роудмеп.
Арил Шарон манифестираше олеснување кога се појави пред камерите на националната телевизија. Во кусиот говор тој појасни зошто се повлекол од партијата, чиј соосновач беше и тој.
„По долго размислување денеска решив да го напуштам Ликуд. Во неговата денешна форма тој не е во состојба да води кон остварување на националните цели. Го основав Ликуд за да и‘ служам на националаната идеја и да му дадам надеж на израелскиот народ. На мое жалење денес во таа партија тоа не е повеќе можно.„
Меѓу целите на новата партија што го носи името „Национална одговорност„ спаѓа мирот и безбедноста за граѓаните на Израел, како и економскиот просперитет. Тој не ги спомна по име Палестинците, но стави јасно на знаење дека конфликтот со нив ќе биде една од клучните точки во програмата на неговата нова партија:
„Ќе поставиме основи за мировен договор, во кој ќе бидат поставени конечните граници на оваа држава, а при тоа ќе инситираме на растурање на терористичките организации. Ова не е никаква нова програма, зборувам за т.н. роудмеп. Повлекувањето на Појасот Газа ни даде историска шанса и јас немам намера да дозволам таа да мине неискористена.„
Што се однесува до евентуално натамошно повлекување на Израел од палестинските подрачја од Западниот брег, Шарон ја искучи таквата можност во скора иднина.
„Нема никаков друг план за разделување, постои само роудмеп. Според неа постојат големите населби што засекогаш ќе останат во рацете на Израел, има исто така и зони од посебно значење за нашата безбедност. Но, надвор од тоа, кога ќе дојдеме во последните фази од роудмепот и до прашањето за конечните граници на израелската држава, тогаш може да се смета со тоа дека еден дел од населбите нема да остане таму каде што се сега.„
Тоа значи дека осамените населби подлабоко во Западниот брег веројатно ќе бидат напуштени, но тоа не стои како непосредна задача. Големи делови на Западниот брег на реката Јордан Шарон има намера и понатаму да ги задржи под израелска контрола.