Црна Гора и Србија очекуваaт ЕУ перспектива
1 декември 2011Србија се’ уште може да стигне до финалната линија и да го освои статусот кандидат за членство во ЕУ, изјави еврокомесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе на форумот „Пријатели на Европа“ во седиштето на ЕУ во Брисел.
Во однос на евроинтеграцијата на Црна Гора, еврокомесарот Филе испратил писмо до министрите за надворешни работи на членките на ЕУ, да ја земат в предвид препораката на ЕК на Црна Гора да и се одобри датумот за почеток на преговорите. По состанокот со црногорскиот премиер Игор Лукшиќ, Филе изјави дека ЕК верува оти Црна Гора ги исполнила сите очекувања за почеток на пристапните преговори со ЕУ. ЕК и натаму стои зад својата препорака од октомври, на Црна Гора да и се одобри датум за пристапни преговори со ЕУ, рече Филе.
Автор: АТ/ миа
Редактор: Симе Недевски