Хитлеровата смрт – пред падот на Берлин
27 април 2005иот бункер си го одзеде животот.
Од Берлин во летото 1939 година започна Втората светска војна. Пет ипол години подоцна се врати назад – со сила. На Црвената армија при решавачката битка за главниот град на Германија на располагање и стоеја два ипол милиона војници, 41 илјада и 600 топови, 6 илјади и 300 тенкови и 7 ипол илјади авиони. Наспроти нив стоеја нецели 100 илјади недоволно обучени војници, поддржани од цивилни единици, службеници, полицајци и пожарникари. Одбраната на главниот град на Рајхот во последните денови од војната однапред беше безизгледна. Па сепак наредбата беше стриктна:„Берлин мора да се брани до последниот човек и куршум„.
Стварноста ја заслепуваа фанатичните национал-социјалисти. Затворени во сопствениот свет, независно од политичките реалности, остатокот од берлинските раководни кругови дејствуваше без смисла и разум. Војната запалена од Германија чинеше 55 милиони човечки животи, а Европа лежеше во урнатини и пепел. Па сепак, министерот за пропаганда на Рајхот, Јозеф Гебелс тврдеше:
„Војната се ближи кон крајот. Лудилото што на човештвото му го донесоа непријателските сили веќе го премина зенитот. Тоа во целиот свет зад себе остава само чувство на срам и одвратност„.
На 21 април 1945 година првите советски трупи под команда на маршал Жуков се најдоа на североисточните предградија на Берлин. Непосредно потоа започна бомбардирањето на владиниот кварт.
„Истовремено трупите под команда на маршал Коњев напредуваа од југоисток. На 23 април мораше да биде запрен сообраќајот во метрото, на 24 април Берлин доби нов командант: Хелмут Вајдлинг кој во неговите сеќавања ќе напише:
„Берлин не располага со ниту една единствена регуларна единица со исклучок на региментата „Голема Германија„ и една Ес-Ес бригада што ја брани канцеларијата на Рајхот. Берлин располага со резерви храна и муниција за 30 дена. Бидејќи магацините се наоѓаат на периферијата, снабдувањето ќе биде се потешко колку што се затвора обрачот на руските трупи околу Берлин. Во последните два дена веќе немавме ниту храна, ниту муниција„.
На 25 април 1945 година се затвори обрачот околу градот. „Тоталната војна„ што пред две години пред тоа ја најави Гебелс, сега стигна до Берлин:
„Фирерот нареди, ние извршуваме„.
Додека советските трупи постојано напредуваа, нацистите ги чешлаа улиците и бесеа по бандерите вистински или наводни дезертери за заплашување на жителите. На тенковите на Црвената армија мораа да им се спротивставуваат 10-годишни деца зад дрвените колички полни со камења.
На 25 април во Торгау на Елба се сретнаа советските и американските војници. Тие на јавноста сакаа да и покажат дека хитлеровиот Рајх е унишетн, а дека сојузниците победија.
Во Берлин Советите освојуваа улица по улица, куќа по куќа. Само на германската страна оваа бесмислена завршна битка чинеше повеќе човечки животи отколку сите бомбардерски напади врз градот заедно. Исто беше и со размерите на уништувањето.
Првиот советски командант на градот, генералот Берзарин со формулација:„Сојузниците фрлија 65 илјади тони бомби, ние за само две недели истрелавме 40 илјади тони гранати„. Ова може да е претерано, но сепак ги покажува димензиите на пустошењето.
Пет дена откако се затвори обрачот околу Берлин, значи на 30 април 1945 година, Адолф Хитлер си го одзеде животот во неговиот бункер. Меѓутоа, со тоа војната се уште не заврши. Адмирал Дениц ја презеде командата и преку радиото соопшти:
„Германски мажи и жени, војници на германскиот Вермахт! Падна нашиот фирер Адолф Хитлер. Во длабока тага и болка се обединува германскиот народ„!
Потоа се се одвиваше многу бргу до крајот. Нецели 48 часа по самоубиството на Хитлер, командантот Вајдлинг нареди запирање на сите битки во Берлин. Црвената армија го развеа советското знаме на берлинскиот Рајхстаг. Со тоа заврши сеништето во Берлин, а неколку дена потоа и во целиот Рајх.