Здравје
Социјално дистанцирање или потрага по осаменост
14 април 2020Реклама
Местото на брегот на ова езеро во британскиот Велс се чини дека е намерно избрано. Тука овој човек нема контакт со никого.
Или, со други зборови тој лесно се придржува кон актуелните правила за социјално дистанцирање, кои важат и во Велика Британија, која е особено тешко погодена од пандемијата на Ковид-19.
Во земјата досега се регистрирани околу 90 илјади инфицирани и преку 11 илјади починати од болеста.
Повеќе:
-Џонсон: Џени од Нов Зеланд и Луис од Португалија ми го спасија животот
-Британскиот премиер Џонсон во болница
-Борис Џонсон заразен од коронавирусот
Во светот пак според најновите податоци бројот на заразени од новиот коронавирус наскоро ќе надмине 2 милиона. Бројот на починати од последиците на Ковид-19 пак изнесува близу 120 илјади.