Како пандемијата да не е доволна. Бројни земји во Африка и во Азија покрај со Ковид-19, мора да се справуваат и со наезда од скакулци, која се заканува да предизвика сериозен недостаток на храна во многу региони.
Земјоделец во Индија на оваа #ФотографијаНаДенот држи шест мртви скакулци во раката. Шест од неколку милиони од кои обично се состојат роевите. Животните јадат сè што наоѓаат на растенијата - и со тоа уништуваат цели жетви. Ова е катастрофа, особено за луѓето во руралните области кои заработуваат за живот од земјоделството.