Прегратка на Сонцето кај Кокино
23 јуни 2021Реклама
На денот на почетокот на летото, т.е., долгодневница (летен сонцестој), денот е најдолг а ноќта е најкратка. Обично календарски летото почнува на 22 јуни.
Мегалитната опсерваторија во Кокино, во близина на Куманово, каде е направена фотографијава, се вбројува меѓу античките опсерватории во светот. Во 2005 година, американската вселенска агенција НАСА го вклучи Кокино на картата на 15 антички опсерватории заедно со Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Велика Британија, Ангкор Ват во Камбоџа, Мачу Пикчу во Перу и други.