Фотографија на денот: Луѓето во карантин, животните на улица
7 април 2020
Забрани за излегување и препораки да се остане дома поради коронавирусот има во многу европски земји. И додека луѓето се затворени, на улиците може да се видат пешаци од друг вид, како на пример овие патки во Брисел.
Конечно доволно места за прошетка, си помислиле веројатно тие додека спокојно ги водат своите малечки во обиколка. Но, сепак, претпазливост не е на одмет - кога се преминува улица, најдобро е да се оди на пешачки премин.