Поради кризата со коронавирусот, зоолошките градини и аква-парковите во цел свет се затворени. Дали е тоа време за опуштање и одмор на животните? Не секаде!
Аква-паркот Шинагава во Токио во својата понуда има онлајн-шоу за деца и семејства. Така, пингвините Момо и Омохи преку компјутерските монитори влегоа во домовите на Јапонците.