Фотографија на денот: Залез на сонцето на плажа во Газа
5 февруари 2022Реклама
Во Германија сонце годинава се појавува ретко. Во големи делови од земјата врне дожд, или небото е едноставно сиво. Прогнозата и за наредните денови предвидува дожд, снег, бура и можеби малку, но сосема малку сонце. На северот од земјата, како што вели метеорологот Марсел Шмид е можна и лапавица со ветер. „На такво време ниту кучињата не сакаат да излегуваат“, вели Шмид.
Поради тоа, копнежот по слики, како оваа, која доаѓа од Газа, е огромен. Залез на сонцето во сиот негов раскош.