Фотографија на денот: Деактивирана бомбата во Франкфурт
4 септември 2017Реклама
Синоќа луѓето можеа повторно да се вратат во своите домови, откако во Франкфурт успешно беше деактивирана 1,8 тони тешката бомба натоварена со 1.400 килограми експлозив од Втората светска војна. Бомбата ја фрлиле британски пилоти, а беше пронајдена случајно, при ископувањето темели за нов објект. Повеќе од 60.000 луѓе беа евакуирани, во нивното згрижување беа ангажирани 2.000 луѓе од полицијата, противпожарните служби и хуманитарни организации.