Фишер -"Добредојден гостин во Израел"
17 декември 2003Реклама
Министерот за надворешни работи на Германија, Јошка Фишер со палестинскиот премиер Ахмед Куреи разговараше за оживување на мировниот процес. Во Абу Дис источно од Ерусалим Фишер рече дека средба меѓу Куреи и израеслкиот премиер Ариел Шарон би претставуватла вистински чекор. Куреи пак објасни дека за таква средба се'уште нема конкретен термин. Известува Бетина Маркс:
Германскиот министер за надворешни работи Фишер својата кратка посета на Израел и палестинските области ја започна со срдба со палсетинскиот премиер Ахмед Куреи. Тие се сретнаа во Абу Дис, палестинско предградие на Ерусалим. Таму се наоѓа домот на Куреи, тоа е и изборниот круг на палсетинскиот премиер и тауму требаше според првичните планови - да заседава палестинскиот парламент.
По средбата Фишер изјави дека се разговарало за сите актуелни теми. Пред се' како може да се подобрат животните услови на Палестинците. Освен ова Фишер го покани Куреи да го посети Берлин. На прашањето на новинарите, зашто овојпат не се среќава со палестинскиот претседател, Јасер Арафат, Фишер го одбегна одгговорот. Тој рече дека станува збор за неформална посета. Овојпат тој не се сретнува ниту со израелскиот претседател Катсав. Катсав моментно се наоѓа во државна посета на Кина.
Фишер уште додаде, дека централна точка на неговата посета е учеството на израелската конференција за безбедност во Херцлиа крај Тел Авив.
Од Абу Дис Фишер отпатува за Ерусалим, каде се сретна со изралескиот премиер Ариел Шарон. Тој и со него разговараше за планираната средба на шефовите на владите, која веќе неколку недели се одложува. На Куреи му советувал наскоро да се сретне со Шарон.
При неговата последна посета на Блискиот исток, во април годинава Фишер во Рамала се сретна со Арафат. Со тоа тој ја привлече критика на израелската влада, која претседателот на палестинската ослободителна организација го смента за ирелевантна личност. Во Ерусалим тогаш се реагираше со негодување.
Овојпат нема такво расположение. Во Ерусалим се нагласува дека Фишер е добредојден гостин во Израел, кој повеќе се цени отколку Европската Унија. На конференцијата во Херцлиа Фишер е главниот говорник на самитот со наслов "Израел и нова Европа" . Конференцијата во израелската јавност наидува на интерес. Вчера на конференцијата говор одржа и шефот на израелската тајна служба.
Попладнево израелскиот министер Ариел Шарон со говор ќе ја затвори тридневната конференција, која во Израел веќе со денови се очекуваше со нетрпение и беше жестоко дискутирана. Минатата недела Шарон најави дека наскоро ќе приложи сопствен план за едностраните израелски чекори, за да се надмине конфликтот со Палестиците. Во овој контекст стана збор и за можно расчистување на изолраните населби на Западниот брег и појасот Газа.
Реклама