Топлина за Берлин од алтернативни енергенси
8 април 2009Германската престолнина не само декларативно, туку и конкретно се ангажира за заштитата на климата. Плановите за изградба на нова централа на јаглен наместо актуелната Клингенберг не се прифатени. Во опција се неколку варијанти, што се обработени и во Студијата за алтeрнативно греење, чиј нарачател беше Сојузот за заштита на климата заедно со уште стотина помали еко-организации.
Градските квартови Лихтенберг, Марцан - Хеленсдорф и Фридрихсаин - Кројцберг за десетина години, кога ќе се исклучи од системот старата централа на лигнит, Клингенберг, ќе имаат најчист воздух во престолнината. Ова го најави енергетскиот концерн Ватенфал, кој се откажа од градба на нов капацитет на јаглен и планира потребната топлинска енергија за овој дел од градот да ја обезбеди од комбинирани капацитети на биомаса и гас.