Србија и Црна Гора го почнува патот кон ЕУ
10 октомври 2005Палатата на Федерацијата во Белград точно во 12.20 минути е местото од каде СиЦГ свечено го започнува патот кон ЕУ. Воочи церемонијата еврокомесарот Оли Рен ќе се сретне со претседателот на државната заедница Светозар Маровиќ, по што во присуство на целокупното политичко раководство на СиЦГ ќе го означи почетокот на преговорите за договор за стабилизација и асоцијација.
„ Договорот ќе значи пристап кон европските пазари и слободен начин на трговија за производите, што значи добра основа за развој на економијата на СиЦГ„ изјави Оли Рен по пристигнувањето во Белград. На церемонијата покрај него, е планирано да зборуваат и премиерите на Србија и Црна Гора, Воислав Коштуница и Мило Ѓукановиќ и мбасадорот на Велика Британија земјата претседавач со Унијата Дејвид Гауен
Српскоцрногорските власти се свесни за обврските и задачите кои тртеба да бидат исполнети. Очекувањата се дека договорот ќе биде потпишан за реалативно кус период.
„ Нашиот план е договорот да го утврдиме за 6 до 9 месеци. Тој треба да придонесе во натамошниот процес на реформите во јавната управа, администарцијата, владеењето на правото, демократијата и секако отварање на пазарите„ изјави Јела Бачовиќ заменик на министерот за меѓународни економски односи на СиЦГ
Преговорите на релација Брисел Белград технички можат да започнат најдоцна во Ноември.