Во Србија на викендот се вакцинирани неколку илјади луѓе од странство, првенствено од регионот. Владата понуди бесплатна вакцинација. Што се крие зад тоа – знак на вистинска солидарност или сепак политички мотиви?
На викендот многу патишта од земјите на Западен Балкан водеа кон Србија. Причина - можноста за бесплатно вакцинирање, вклучувајќи и странци. Ја искористија повеќе илјади луѓе. Кај најголем дел од нив прашањето дали е во прашање политичка калкулација или вистинска солидарност, не игра улога - ним им е важно да се вакцинираат. Тоа го забележа и камерата на Дојче веле: