Со Берлускони на Италија не и се пишува добро
15 април 2008
„Зиддојче цајтунг„ новото освојување на власта на Берлускони вака го образложува:
„Италијанците имаат слабост кон патријарси и комедијанти. Силвио Берлускони е и едното и другото. Некои гласаа за него и поради инает, независно од извесните неразбирања со кои се посматра неговиот избор во странство. Тие го следат Берлускони со задоволството на самоизмама со кое посетителите на циркусите му веруваат на некој магионичар. Секако, долгорочно тоа не може да излезе на добро. Додуша, Берлускони во изборната битка вети да ја санира земјата. Меѓутоа, искуството покажува дека не може да му се верува. Затоа треба да се страхува дека Италија е губитник на овие избори„.
Весникот „Хамбургер абендблат„ со поглед кон иднината:
„Малку кој серизоно очекува десеткратниот доларски милијардер да ги подреди сопствените интереси кон општото добро, посебно не неговата медиумска моќ. Во 2004 година една американска организација степенот на слободата на печатот во Италија од „слободен„ го преименува во оценка „делумно слободен„, што е политички сигнал за тревога. Третиот атак на овој надарен самовљубеник и почитувач на Мусолини на владиниот врв е индиција за желбата на Италијанците за силна фигура како столб во миговите на глобализацијата. Истовремено, неговата победа е индиција за длабока политичка и општествена криза во Италија„.
И весникот „Фајненшел тајмс Дојчланд„ Италија ја посматра црно:
„За модернизација на земјата на Берлускони му недостига политичка волја. Тоа не е лошо само за Италија, туку и за цела Европа. На Европската унија не може да и’ биде седно што една од нејзините најголеми држави, членка на Г-8, дури и во добра светска конјунктура, оди надолу. Катастрофални показатели за растежот, предмодерни стапки на продуктивност и монструозен државен дефицит се факторите на ризици за заедничкиот пазар и за зоната на еврото. Берлускони нема да се соочи со тешките рефроми што се неопходни за совладување на ризиците„, прогнозира „Фајненшел тајмс Дојчланд„.