Словачкиот премиер Ѕуринда - во Берлин
10 февруари 2004Реклама
Европскиот устав и претстојното приклучување на Словачка на ЕУ - се темите на кои во Берлин од денеска разговараат германскиот канцелар Герхард Шредер и словачкиот премиер, Микулаш Ѕуринда. Ѕуринда во наредните три дена ќе ги посети и покраините Долна Саксонија, Бранденбург и Саксонија.
Микулаш и Герд се разбираат, иако политички припаѓаат на сосема различни страни. Христијанскиот демократ Ѕуринда и германскиот канцелар, социјалдемократ, Шредер, се, што се однесува до надворешната и социјалната политика - два различни света. Основата на нивното пријателство чежи во заедничките економски интереси:
"Секој во Словачка знае дека Германија е најголемиот странски инвеститор кај нас. Една третина од нашиот извоз оди во Германија, а германските фирми во Словачка инвестираат 1,43 милијарди евра", вели словачкиот премиер.
И Шредер ја нагласува тесната стопанска соработка: "Словачка за Германија е важен пазар, како за трговијата, така и за инвестициите."
По прашањето на ЕУ, каде Словачка треба да пристапи на први мај, Шредер и Ѕуринда ги приближија ставовите уште есеноска. Словачка, во покерот околу европскиот устав, за разлика од Полска застапува поумерена позиција.
"Не кријам дека се обидувам да го разберам тоа што го вели канцеларот. Имено, дека Германија е земја коај е двојно поголема од другите и долго давала придонес за унијата. Тука треба да се има смисла за праведност. Свесен сум дека во Словачка е потребна успешна ратификација на уставот, но тоа е потребно исто така и во Германија, инаку нема да се исполни визијата за обедиента Европа", вели словачкиот премиер.
Реклама