Светските научници во Берлин дебатираа за Холокаустот
12 декември 2006ропа. Харди Граупнер известува од Берлин.
Берлинската конференција која ја организираше Германската сојузна агенција за цивилно образование ги собра врвните истражувачи на Холокаустот од целиот свет. Најпознатиот од нив е Раул Хилберг од Универзитетот од Вермонт во САД. Тој е роден во Виена во 1926 година, а емигрирал во Америка во 1939 година. Во 1945 година Хилберг се враќа во нацистичка Германија каде ја открива приватната библиотека на Хитлер. Повеќе од половина век, Хилберг ги истражува настаните поврзани со Холокаустот и има откриено огромен број информации кои им овозможија на научниците да ја добијат целосната слика за геноцидот врз Евреите.
На конференцијата во Берлин, Хилберг изјави дека и покрај мноштвото информации достапни за Холокаустот, тој се навикнал на фактот дека секогаш ќе има луѓе кои ќе го демантираат тоа. Хилберт зборуваше и за тоа зошто сега дел од муслиманскиот свет, вклучително и Иран, толку многу сакаат да му кажат на светот дека Холокаустот е само мит:
“Во последниве години истражувањето на Холокаустот беше турнато на страна како одговор на претходното молчење кое многу притискаше. А реакција на било каков бран истражување е еден вид негирање. Отсекогаш го очекував тоа. Изненадување е само од каде дојде. Од сите места на светот, не очекував да дојде од Иран. Но, таму очигледно има политички причини поради кои Иран ја претставува оваа работа во вакво светло."
Питер Лонгерич од Истражувачкиот центар за Холокаустот и историјата на 20 век на Универзитетот во Лондон инсистира дека на Берлинската конференција не треба да се гледа како на противтежа на онаа во Техеран и оти тоа е само медиумска оценка. Тој додаде дека на научниците во Берлин им се згрозува само од помислата на таква поврзаност:
“Како активен учесник во дебатата во оваа област би рекол дека нашата дискусија не е под влијание на никаков систематски пристап за негирање на Холокаустот. Тоа е апсуредн проект е никој овде не сака ниту да разговара на такава тема. Затоа не мислам дека конференцијата во Берлин е реакција на она што се случува некаде во светот”.
Лонгерич одржа говор за последните трендови во истражувањето на Холокаустот. Тој изјави дека научниците сега многу подобро разбираат какви луѓе биле предавниците, како и дека дошле до сознание дека немало една специфична наредба која резултирала во Холокауст, туку се работело за низа одлуки кои им оставале простор на нацистичките водачи сами да ги интерпретираат и така да ги спроведуваат. Лонгерич додаде и дека по отворањето на архивите на источно европските земји подобро се разбира и нацистичката политика за убивање на Евреите:
“Многу работи се направени по отворањето на архивите од источна Европа, Сега имаме многу подетална слика за Холокаустот во земјите во кои се случиле масовните убиства. Сега дознавме повеќе за случувањата во одредени делови од поранешниот Советски Сојуз и Полска во времето кога била окупирана од Германците. Имаме нов пристап кон целиот контекст на Холокаустот – контекстот меѓу Холокаустот и принудна работа, како и улогата на експропријацијата и систематското ограбување и сл. ”
Лонгерич побара во јавноста и меѓу научниците да се отвори поголем простор за претставување на зголемениот напредок во истражувањето на Холокаустот и да се отвори поголема дебата за новите информации.