Романија смета на поддршка од Берлин
10 август 2004Романија се повеќе се приближува до ЕУ. Но не со темпото кое на почетокот се очекуваше сепак: ЕУ не е повеќе светлината на крајот на тунелот, туку конкретна цел, за која се направи пропуст да се реализира навреме на 1 мај годинава заедно со другите десет кандидати. Сега Романците мора да чекаат на 2007 година и владата на премиерот Адриан Настазе уште годинава да го заврши и полседниот дел од преговорите со ЕУ. Наспроти Бугарија чиј пристап во ЕУ исто така е планиран за 2007 година, која ги заврши сите делови од преговорите, на Романија и остануваат уште шест поглавја. Неодамна романскиот претседател Јон Илиеску истакна дека до октомври годинава ќе бидат завршени преговорите со ЕУ. Не сите романски политичари се оптимисти, но бидејќи на самитот во Брисел беше потенцирано дека Бугарија и Романија ќе влезат во Унијата во 2007 година, во меѓувреме и најголемите песимисти во Букурешт се надеваат дека термините ќе бидат запазени. Леонард Орбан, државен секретар во романското министерство за европска интеграција ги истакнува потешкотиите:
“Најтешките аспекти од преговорите се однесуваат на -правдата и локалната самоуправа, конкурентност, животна околина, регионален развој послободен сообраќај за служнбените раководства и точката разно. Ова не е лесен процес, но знаеме дека преговорите со ЕУ чекор по чекор придонесуваат за модернизација на Романија.”
Јано е дека Романија мора да ги издржи домашните задачи, за да не ја загрози интеграцијата во ЕУ во 2007 година. Но меѓународниот монетарен фонд, осврнувајќи се на престојните парламентарни и претсеталски избори во ноември одново укажа на фактот колку е важно да се забрза процесот на реформи за да не се прекине микроекономската стабилизација. Само на овој начин среднорочно мкоже да биде гарантиран економскиот развој.
Романските економски показатели не изгледаат лошо. Веќе три години порастот изнесува 5 проценти,а за годинава се очегуваат 5,6насто. Инфлацијата се очекува годинава да падне под 10 насто, а дефицитот во буџетот минатат година изнесуваше 2,3 проценти од брутосоцијалниот производ.
Романците може да се надеваат дека и процесот на приватизација кој досега споро се одвиваше, ќе доживее пресврт.
Претсавниците на германкото стопанство кои ќе го придружуваат канцеларот Шредер при неговата посета на Романија , поточно ќе ја проценат состојбата. Што Романците очекуваат од германските инвеститори. Романскиот економски експерт Илие Шербанеску истакнува:
“Досега германските концерни не преземаа големи инвестиции, и претпочитаа да склучуваат договори со државни фирми. Сега изгледа поинаку. Правилата на игра се сменија, и затоа германските инвеститори засилено ќе работат во Роамнија. Постојат јасни можности за профит во Романија. ”