Реакции по бомбашкиот напад во Израел
27 октомври 2005Организацијата Исламски Џихад, која ја презеде одговорноста за нападот, стави уште една црна дамка на напорите на палестинските и израелските авторитети да воспостават конечен мир на Блискиот исток.
Како што соопштија нејзините претставници, нападот во Хадера е одговор за убиството на нивен воен командант на Западниот брег, дело на иѕраелските војници.
И палестинските и израелските официјални претставници го осудија нападот и повикаа на мир. Шефот на палестинскиот преговарачки тим со Иѕраел, Саеб Ерекат, рече:
,, Го осудуваме нападот во хадера и не сакаме повторно да се вратиме во тој ѕатворен круг. На насилството ќе се одговори со друго насилство, на куршумите со нови куршуми- таму веќе бевме.. Иѕраелците и плаестинците ќе ја платата највисоката цена доколку насилството не се искорени, рече Ерекат.
И иѕреалескиот портпарол на владата, Марк Регез, иѕлезе со слична порака:
,, Овие групи не сакаат мир, не сакаат помирување, не сакаат да го видат Блискиот Исток во поинакво светло. Тие сакаат да ги гледаат насилствата на Џихадот и заѕоа ги повикуваме палестинските авторитети да делуваат и да ги исполнат своите ветувања дека ќе им го ѕемат оружјето на убијците„ рече израелскиот владин претставник.