Реакции во Берлин по ослободувањето на заложниците
3 мај 2006Претседателот на државата Хорст Келер изјави дека се радува во име на сите граѓани на Германија што заложништвото завршило на овој начин.
Канцеларката Ангела Меркел добрата вест ја доби за време на еден регионален собир на нејзината партија:
„Чувствувам големо олеснување и многу се радувам што двајцата заложници се повторно на слобода и што нивните семејства сега можат да се радуваат. Слушнав дека се во релативно добра состојба и дека се презема се‘ за да се вратат здрави и живи во Германија. Сакам посебно да му се заблагодарам за повеќемесечната работа на кризниот штаб, но и на луѓето во Лајпциг, кои во ниту еден миг не ги заборавија нивните сограѓани во заложништво.„
Вчера вечер во Берлин пред печатот излезе и шефот на кризниот
„Од името на Министерот за надворешни работи Штајнмајер, како и од името на целата германска влада им благодарам на сите кои придонесоа за среќниот исход на заложништвото. Тука се соработниците од германската амбасада во Багдад, припадниците на кризниот штаб и другите служби кои деноноќно беа ангажирани, тука се и нашите партнери од регионот, како и сите граѓани на Лајпциг и од другите делови на Германија кои манифестираа толку впечатлива солидарност со двајцата инжењери.„
Зилберберг не сакаше да открие никакви детали околу ослободувањето:
„Ве молам за разбирање што германската влада и во овој случај не сака да појаснува детали околу работата нба кризниуот штаб, ниту пак околу условите за ослободување на двајцата заложници.„